Во Австралија сè уште трае битката со пожарите

Австралија сè уште се бори со пожарите во неколку држави каде илјадници домаќинства немаат струја, повеќе од 100 училишта се затворени, а загрозените жители бараат засолниште откако се отвори нов огнен фронт.

Во пожарите досега загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 300 куќи се уништени.

Во државата Јужна Австралија утрово избувна нов фронт со 50 поединечни жаришта, а нивото на тревога е подигнато на „катастрофално“ бидејќи температурите надминаа 42 степени Целзиусови.

Тоа значи дека во случај на пожар пожарникарите нема да можат да го задржат под контрола поради временските услови.

– Од изгрејсонце до длабоко во ноќта, оваа држава ќе доживее многу тешки услови поради пожарот, изјави за ABC помошникот на шефот на противпожарната служба Брентон Еден.

Повеќе од 600 пожарникари реагираа низ државата, а се очекува да се борат со пожарите и во текот на ноќта.

Како што пожарот се доближуваше до далноводите, струјата беше исклучена за повеќе 12.000 домаќинства.

Поради пожари на источниот брег на Австралија, Сиднеј вчера беше покриен со  облак од чад.

Во шумските пожари во оваа област во последните недели изгореа околу еден милион хектари обработливо земјиште и ниска вегетација.

Пожарите се вообичаени за време на сувата летна сезона, а најголемите пожари што ја погодиле Австралија се случија во 2009 година, при што загинаа 173 лица, а 414 беа повредени. 

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе