Во Берово преименувани четири улици по загинатите бранители од 2001

Во Берово преименувани четири улици кои во иднина ќе ги носат имињата на загинатите бранители во конфликтот 2001 година. Одлуката едногласно ја донесе Советот на Општина Берово на денешната 31 седница.

– Советот денеска донесе одлука улицата „Моша Пијаде“ да се преименува во улица „Зоран Бубевски“, улицата „Борис Кидрич“ отсега ќе го носи името „Димитар Двојаковски“, улицата „Неретва“ се преименува во улица „Никола Пехчевски“, и новото име на улицата „Димитар Влахов“ во село Русиново е улица „Љупчо Мирчовски“, информираат од Општина Берово.

Од општинската прес-служба посочуваат дека улиците на иницијатива на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, се преименувани, по претходно спроведена постапка, согласно Закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, со добиена Согласност од Владата на Република Северна Македонија, по претходно доставена иницијатива од Министерство за одбрана, Генералштаб на Армијата, Команда за операции, Батаљон за врски Скопје, единицата која го чествува споменот на Зоран Бубевски.

– Во рамки на истата иницијатва, во 2021 година, Општина Берово подигна спомен обележје кое го краси паркот кај Основниот суд во Берово и ги чува од заборав, ликовите на загинатите бранители. Со преименувањето на улиците, уште еднаш, им се поклонуваме и го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја, која што е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва, дадена од многу нејзини херои, патриоти, наши браќа, синови, сопрузи, татковци, другари, додаде Пекевски.

Од Советот потенцираа дека не постои поголема вредност, поголема доблест, од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе