Во Битола почнува Браќа Манаки, фестивалот на кинематограферите од светот

Кинематограферите од светот од денеска до 26 август ќе бидат на Фестивалот „Браќа Манаки“ чие 43. издание ќе се реализира во битолскиот Центар за култура, Офицерскиот дом, киното „Манаки“ и летната тераса на КИЦ - Битола.

Свеченото отворање е закажано за вечер во 21 часот во големата сала на НУ Центар за култура каде ќе биде поставен црвениот ќилим за ѕвездите на фестивалот, а за публиката на големото платно ќе биде емитуван францускиот игран филм „Мајка и син“ во кој кинематограферка е Елен Луварт.

Оваа година има 14 филмови во главната програма, а меѓу фаворитите за златна Камера 300 се филмот „Триаголник на тагата“, кој оваа година на фестивалот во Кан ја доби Златната палма, потоа „Алкарас“ кој премиерно беше прикажан на Берлинскиот фестивал и е добитник на главната награда Златна мечка, потоа филмот „Вози ја мојата кола“ од 2021 година, кој на Канскиот фелстивал лани ја доби наградата за најдобро сценарио, а потоа доби и многу други награди, меѓу кои БАФТА наградата за најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, Златен глобус и Оскар за најдобар интернационален игран филм, но и филмот „Божјата рака“, кој премиерно беше прикажан во Венеција минатата година и доби Сребрен лав од жирито. Во конкуренција се и два македонски филма – „Снежана умира на крајот“, македонско-кипарски филм, и „Мими“, македонско-хрватско-црногорска продукција.

На вечерашното свечено отворање доаѓа Ентони Дод Ментл, добитник на Златна камера 300 за животно дело, а на свеченото затворање на Фестивалот ќе присуствува една од легендите на кинематографијата, Џон Метисон.

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на државата и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе