Во Чаир приведени 15 лица кои го прекршиле полицискиот час

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Петнаесет лица се лишени од слобода поради непочитување на забраната за движење на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар во скопската населба Чаир.

Приведувањата биле извршени вчера во периодот од 19 до 20 часот на улиците „Методија Митевски“, „Емин Дураку“, „Вуковарска“, „Панче Неделковски“, „Лазо Трповски“ и „Никола Карев“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму истакнуваат дека продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со COVID-19.

-Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот, стои во соопштението од МВР.

До пет часот изутрина траеше 80-часовната забана за движење со цел спречување на ширењето на COVID-19, а која се однесуваше за граѓаните на сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, како и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

На 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници, изршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

реклама

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе