Во Калтек направија робот-трансформер, тркалата ги претвора во пропелери и лета

Со промена на положбата на тркалата, Morphobot може да вози, да лета, да ползи и да оди на две тркала.

Истражувачите од Калифорнискиот институт за технологија (Калтек) развија уред кој неодоливо наликува на трансформер. 

Наречен Morphobot M4, овој робот-дрон има импресивен опсег на движења што ги изведува по потреба. На пример, истражувачите тврдат дека може да ползи со тетеравејќи ги тркалата како што морските лавови ги користат своите перки на копно; може да стои на две нозе, односно на две тркала, како што тоа го прави меркатот, а во исправена положба може да трча по ридовите користејќи ги своите пропелери како што источната еребица ги користи своите крилја.

Кога не имитира животни, овој робот во својата „природна“ положба не се разликува премногу од автомобил-играчка на далечински управувач. Сепак, благодарение на зглобовите на телото, Morphobot лесно може да оди, но и да ги ориентира тркалата хоризонтално и да полета.

Згора на овие импресивни способности, М4 е опремен со вештачка интелигенција која му помага да се движи во просторот, за да може да носи автономни одлуки за своите движења во зависност од теренот што се наоѓа пред него.

„Нашата цел беше да ги поместиме границите на роботското движење со дизајнирање систем кој покажува извонредни способности за мобилност со широк опсег на различни начини на движење, а проектот М4 успешно ги постигна овие цели. Кога ќе наидат на непознати средини, може да успеат само роботи што поседуваат вештачка интелигенција и способност да се пренаменат нивните мултимодални компоненти“, вели Гариб Рамезани, коавтор на проектот објавен во списанието Nature Communications.

Remote video URL
Тагови
реклама

Вести

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Read more

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Read more

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Read more
 

Гик

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе