Во Казахстан приведени 7.939 лица поради минатонеделните немири

Кајгана/МИА
/ 10.01.2022 / 09:11

Казахстанските безбедносни сили досега приведоа 7.939 лица во врска со минатонеделните немири, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи.

Минатата недела централноазиската држава ја доживеа најсериозната криза од распадот на Советскиот Сојуз.

Владини згради беа нападнати или запалени во неколку градови, откако првично мирните протести поради поскапувањето на горивото прераснаа во судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Казахстанските власти соопштија дека за насилствата се одговорни „екстремистички“ и „терористички“ елементи, од кои некои се странци. Советот за национална безбедност на Казахстан денеска соопшти дека ситуацијата во поранешната советска република е стабилизирана и дека терористичките групи се неутрализирани.

Државните медиуми објавија дека 164 луѓе биле убиени за време на судирите, цитирајќи владина објава на социјалните мрежи. Но, здравствените и полициските власти не ја потврдија бројката и објавата на социјалните мрежи потоа беше избришана.

„Мислам дека имаше некаков заговор во кој беа вклучени домашни и одредени странски деструктивни сили“, изјави државниот секретар Јерлан Карин за државната телевизија денеска, без да именува осомничени. 

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе