ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Во кое сценарио ни Ливерпул, ни Сити нема да ја освојат титулата по последното коло?

Пред последното коло од англиската Премиер лига, на табелата води Манчестер Сити со 90 бодови пред Ливерпул со 89.

Фудбалерите на Пеп Гвардиола зависат од себе во трката за титулата. Во можни сценарија, титулата може да ја освојат и Манчестер Сити и Ливерпул, но може да се случи по последното коло сè уште да не знаеме кому ќе припадне титулата во Англија. Сценариото за такво нешто не е реално, но е можно.

Како Сити може да дојде до титулата?

Манчестер Сити е домаќин на Астон Вила и доколку освои три бода на тој натпревар, ќе ја освои вкупно осмата титула во Англија.

Како Ливерпул може да дојде до титулата?

Ливерпул мора да го победи Вулверхемптон и да се надева дека Астон Вила нема да загуби од Сити. Победата би го донела Ливерпул до 92 бода, а Сити до 91 (во случај на нерешено) или 90 (во случај на пораз).

Што ако и Сити и Ливерпул ремизираат?

Титулата оди во рацете на Манчестер Сити кој би задржал бод предност пред тимот на Клоп.

Што ако имаат ист број на поени?

Ситуацијата се комплицира доколку Ливерпул ремизира, а Сити загуби. Во тој случај двата тима би имале по 90 бода, а одлуката за шампионот би била донесена врз основа на гол разликата.

Во моментов Сити е на 96:24, односно +72, а Ливерпул на 91:25, односно +66. Ливерпул со ремито може да ја освои титулата само ако Сити загуби со седум голови разлика. Доколку Клоп ремизира, а Сити загуби со шест голови разлика, двата тима ќе имаат ист број бодови и иста гол разлика.

Титулата би ја славел Сити бидејќи би постигнал повеќе голови во лигата, освен, се разбира, доколку Ливерпул одигра неверојатно ефикасен натпревар за поделба на бодовите. Да речеме 6:6.

Лудо сценарио за титулата

Следната точка што треба да се погледне во борбата за титулата, ако другите се изедначени, е меѓусебниот однос на тимовите. Овде приказната исто така е израмнета, со 2:2 во двата натпревара, а потоа доаѓаме до сценарио во кое ниту Сити, ниту Ливерпул нема да ја освојат титулата по последното коло.

Во тој случај тој би одлучувал бараж натпревар на неутрален терен. Не е веројатно, но е можно. Тоа би се случило, во „наједноставното“ сценарио, во случај Сити да загуби со 0:6, а Ливерпул да ремизира 5:5.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе