Во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 14 пациенти, вкупно се лекуваaт 300

Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 300 лица сомнителни и потврдени на COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и голем дел од нив се на кислородна поддршка, информираат од Министерство за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.  Додека, пак, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника шест. Во изминатите 24 часа, исто така, дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов, велат од Министерството за здравство, на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.

Според Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 146 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Тие воедно потсетуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more
 

Вести

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе