Во ОХИС може да има проблем со евентуални хаварии

Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) – Инспекциските надзори спроведени во кругот на Железара, Стаклара и ОХИС во ноември и декември од страна на Државниот инспектрат за животна средина во соработка со Инспекторатот на Град Скопје покажаа дека секаде има по некоја неправилност од страна на контролираните субјекти, која е детектирана од инспекторите и се дадени рокови за отстранување.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска во интервју за МИА вели дека во Железара се контролирани 40 инсталации, во ОХИС 50 и во Стаклара 50 инсталации.

-Ова беа кампањи, не беа длабински, но беа доволни за да видат инсталациите дека сме на терен и да очекуваат дека утре подетално ќе ги проверуваме. Во кругот на Железара се виде дека пет субјекти немаат воопшто елаборат за заштита на животната средина, влеговме во „Макстил“, не работеа неколку асфалтни бази и чекаме да почнат да работат па потоа повторно да влеземе, имаше неколку печатници, во кои не беа спроведени мерења на органски испарливи соединенија, а тоа е обврска согласно закон, бидејќи таму очекуваме такви емисии, рече Петровска.

Во ОХИС, како што посочи е утврдено дека има доста правни субјекти кои може да испуштаат отпадни води и тие отпадни води влегуваат во канализација која е во кругот на ОХИС и која не е предадена во владеење за управување на Водовод и канализација.

-Во ОХИС имаме една ситуација каде што имаме канализација која никој не ја управува и имаме една прчистителна станица која била во сопственост на ОХИС која ги пречистувала отпадните води од ОХИС каде најверојато има заостанат мил од пречистување кој содржи опасни токсични материи, кој што некој треба да го преземе и да го носи. Испраќаме дописи до Општина Кисела Вода и Градот Скопје се со цел да најдеме начин за тие отпадни води кои би се испуштале непречистени од субјектите што работат внатре во ОХИС да се регулираат. Да ја преземе на управување таа пречиститлна станица за да немаме проблем утре со некакви хаварии, оти во кругот на ОХИС имаме една инсталација што складира опасен отпад. На површината во складиштето има можности евентуално излеан течен опасен отпад да се собере преку решетка внатре во канализација и понатаму тоа да оди во пречистителна станица што не работи, истакна таа.

Оцени дека тука има проблем со евентуални хаварии на излевање течен отпад, опасни супстанции, отпадни води во рамки на ОХИС, а немаме оператор на Пречистителната станица внатре, која прво треба да се доведе во работна состојба, да се очисти талогот, да се изнесе и тој да се преработи и да се стави во функција.

Појасни дека во ОХИС е извршена приватизација на објектите. И тоа е постапка на стечајниот управник, судска постапка на предавање на објекти, кои сега од страна на сопственикот се издаваат под наем на голем број правни субјекти внатре. -Таму има една А инсталација која произведува масло од канабис, има отпад, една инсталација за галванизација на метал, каде може да има опасен отпад, талог од галванизација, но она што е останато неуредено со приватизација, не е направен урбанистички план, или барем ние не знаеме, каде ќе се дефинира идната намена и откако ќе се заврши со урбанизмот, инсталациите, заедничката инфраструктура, која во моментот нема газда, нема оператор, ќе се предаде во владеење на Градот Скопје, вели Петровска за МИА.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе