Во полициската станица на Попова Шапка малолетничка пријавила сексуално вознемирување од страна на малолетник. Според пријавата, настанот се случил вчера околу 13 часот на Попова Шапка.
„Во 13:40 часот во СВР Тетово, малолетничка од Охрид пријавила дека околу 13:00 часот во центарот на Попова Шапка еден малолетник ја допирал по телото. За настанот е известен јавен обвинител“, информираа од СВР Тетово.
Полицијата и ообвинителството ќе преземаат мерки за расчистување на случајот.