Во просек околу 16 дена трае лекувањето од Ковид кај пациенти со средно тешка клиничка слика

Прецизно не може да се каже колку време еден пациент се лекува од Ковид, но во просек околу 16 дена трае лекувањето на лице со средно тешка клиничка слика.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека лекувањето на пациентите со тешка клиничка слика трае мнгу подолго поради последиците што ги остава вирусот.

„Сите ние сме различни и различно реагираме на третманот, но различно реагираме и на инфекцијата и на која било друга болест. Во просек околу 16 дена се лекува една средно тешка клиничка слика на Ковид, а тешките клинички слики се лекуваат многу подолго поради последиците што ги остава инфекцијата. Не ретко нашите пациенти со тешка клиничка слика кои се лекуваат толку долго време, на крајот се многу порано пред нивното испишување или излекување, веќе станати Ковид негативни, но последиците од инфекцијата го прават своето и тие навистина бараат долго време за лекување“, рече Стевановиќ.

Посочи дека еден од сериозните ризици е и дебелината, која, како што рече, не се сфаќа сериозно кај нас.

„За жал, изгубивме млади, но и релативно млади луѓе. Најголем дел од нив со хронични болести, но една од сериозно високите ризици која, никој од нас сѐ уште сериозно не ја сфаќа како болест или коморбилитет, е дебелината. Луѓето кои имаат вишок килограми се навистина во сериозен ризик“, нагласи Стевановиќ.

Во однос на фреквенцијата на прием и испис на пациенти, Стевановиќ рече дека тоа е работа која не може да се предвиди.

Потенцира дека максимално рационално се користи секој кревет којшто ѝ е на располагање на Клиниката и оти редовно по исписот на пациентите, се прави задолжителна дезинфекција. 

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе