Во Србија потврдени 10 случаи на мајмунски сипаници, 8 се во Белград

Во Србија досега се регистрирани 10 потврдени случаи на мајмунски сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, јави дописникот на МИА од Белград.

На територијата на Белград регистрирани се 8 случаи на заболени од мајмунски сипаници, а другите 2 се во Војводина, се наведува на веб-страницата на Батут.

Сите пациенти се мажи на возраст од 27 до 44 години.

Батут наведува дека досега се регистрирани 16.000 случаи на мајмунски сипаници во 75 земји, со 5 смртни случаи.

Во моментов епидемијата е концентрирана кај мажи кои имаат секс со мажи, особено кај оние со повеќе сексуални партнери, се наведува во соопштението.

Симптомите на мајмунски сипаници обично вклучуваат висока телесна температура, интензивна главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, слабост, недостиг на енергија, отечени лимфни жлезди, најчесто во вратот, пазувите и препоните, како и осип на кожата.

Осипот обично започнува во рок од еден до три дена од почетокот на покачената телесна температура и може да биде концентриран на лицето, дланките и стапалата.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе