Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови ако сите возат велосипед

Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови секоја година - повеќе од годишните емисии на Канада - доколку сите возат велосипеди, се нагласува во ново истражување.

Транспортниот сектор во моментов е одговорен за речиси четвртина од емисиите на стакленички гасови од согорувањето на горивото, пренесе France 24.

Половина од тие емисии доаѓаат од автомобилите, а сообраќајот се очекува да се зголеми тројно до средината на векот.

Во обид да го декарбонизираат транспортот, владите и индустријата се свртеа кон електрични возила. Само минатата година се продадени 6,75 милиони од нив.

Секоја година се следи и објавува бројот на продадени возила. Потешко е да се следи производството и продажбата на многу постаро возило со ниска емисија на штетни гасови – велосипедите.

Меѓународен тим на истражувачи сега ја состави првата база на податоци за сопственоста и употребата на велосипеди по земја, користејќи статистички моделирање за да ги пополни празнините во информациите.

Се наведува дека помеѓу 1962 и 2015 година, производството на велосипеди го надмина производството на aвтомобили. Повеќе од две третини од 123 милиони велосипеди произведени во 2015 година се однесуваат на Кина.

Во списанието Communications Earth and Environment, научниците покажаа дека сопственоста на велосипеди е генерално поголема во побогатите земји, но и автомобилите се користат повеќе таму. Тоа покажува дека големиот број на велосипеди не мора да значи и голема употреба на тоа возило на две тркала.

Меѓу 60-те земји вклучени во истражувањето, велосипедите се користат за патување само во 5% од случаите. Во некои земји едноставно недостасуваат велосипеди, а во други, каде што ги има многу, тие се користат за рекреација, а помалку како превозно средство.

Доколку секој патувал на работа како Данците, кои во просек возат велосипед по 1,6 километри, светот би можел да испушта околу 414 милиони тони јаглерод диоксид помалку секоја година, пресметале научниците. Ова одговара на годишните емисии во Обединетото Кралство.

Ако секој возеше велосипед колку Холанѓаните, кои патуваат по 2,6 километри дневно, светот ќе заштедеше 686 милиони тони.

„Глобалната политика за возење велосипед и развој на инфраструктурата ќе овозможат транзиција на холандски и дански начин и ќе доведат до значителни, досега неискористени придобивки за климата и здравјето“, напишаа авторите.

Тие веруваат дека оваа двојна придобивка бара подобро собирање податоци за велосипедите и дека постои „итна потреба да се промовира одржливото користење на велосипедите преку поддршка на политиките, планирање и развој на инфраструктурата“.

Водечкиот автор на студијата, Ган Лиу, професор на Катедрата за зелена технологија на Универзитетот во Јужна Данска, рече дека истражувањето покажало дека велосипедите имаат важна улога во намалувањето на јаглеродниот отпечаток на глобалниот сообраќај во иднина.

Лиу истакнува дека не е неопходен само технолошкиот напредок за промени во сообраќајот.

„Потребни се и стратегии за промени во побарувачката, како што се алтернативни модели на мобилност - заеднички транспорт, транспорт по барање и споделување на возење - како и замена на автомобили на кратки растојанија со возење велосипед“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе