Времето до крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите, како што соопштија од УХМР, во вечерните часови ќе преминат во снег и во јужните делови. Ќе дува засилен северен ветер.
Во Скопската котлина во текот на ноќта врнежите ќе престанат и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Преодно стабилизирање на времето се очекува в четврток, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови.
Како што претходно информира ЈП Македонија пат, укинати се забраните за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец Гостивар-Маврово.