Во текстилниот сектор лани без работа останале 6.783 лица

Пандемијата скрати 6.783 работни места во текстилниот сектор, покажа анализата на истражувачкиот тим на Здружението за истражување и анализа (ЗМАИ)-Скопје. Податоците покажуваат дека вкупниот број нови невработени лица во 2020 година во однос на 2019 година се зголемил за 128 отсто.

-Конкретно, во 2020 година има 6783 нови невработени лица. За споредба, во 2019 година имало 2971. Истовремено, процентот на невработеност кај младите е значително повисок во однос на останатите години. Дури 15 проценти од младите учествуваат во невработеноста. Сознанијата покажуваат дека речиси во сите општини бројот на нови невработени лица по основ на одјавување од задолжително социјално осигурување кои доаѓаат од текстилната индустрија се зголемува, се вели во анализата на ЗМАИ.

Нивното истражување покажува дека пет општини со највисок пораст на невработеноста се: Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово. Во овие пет општини  текстилната индустрија е и најразвиена и има најмногу активни субјекти во овој сектор. Кај младите лица до 29 години, бројот на невработени, исто така, се зголемува. Петте општини со највисок пораст на невработеноста кај младите се: Штип, Струмица, Радовиш, Прилеп и Кочани.

– Најчест основ за прекинување на работниот однос во текстилната индустрија, во последните пет години е истекот на определено време. Во 2020 година овој основ бележи раст од 123 отсто. Во овој период најголем раст за раскинување на договорот за вработување е присутен кај основот отказ на работодавачот и истиот изнесува 174 проценти, се наведува во истражувањето на ЗМАИ.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ -Штип вели дека за време на пандемијата на работниците постојано им апелираат да внимаваат што потпишуваат. Доколку работникот се потпише на сподгодбен отказ, ништо не им следува, а тие како невладина која ги застапува работничките права ништо не можат да направат, ниту пак да ги заштитат.

Анализата на ЗМАИ покажува и дека најчестата причина за престанок на работниот однос во текстилната индустрија кај младите до 29 години, пред и за време на кризата, е истекот на определено време. Порастот на овој основ во 2020 година во споредба со 2019 година е 165.5 проценти. Сепак, најдоминантен пораст за престанок на работниот однос во 2020 во споредба со 2019, бележи основот отказ од работодавачот со пораст од 234 отсто, а потоа следува основот отказ од самиот работник, со пораст од 225 проценти.

Текстилството вработува над 30.000 луѓе во држвата, а во вкупниот извоз учествува со 10 проценти. Анализата на ЗМАИ е направена во рамките на проектот „Одговор на социоекономските ефекти од COVID-19 преку поддршка на ранливите групи на нископлатени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”.

Проектот го спроведува конзорциум од шест организации составен од: Институт за економски истражувања и политики Finance Think – Скопје; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ -Скопје; Аналитика – Скопје; Здружение Гласен текстилец – Штип; Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен работник – Прилеп; и Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе