Во вилата на Пригожин пронајдена фотографија од отсечени глави, чекан и купишта пари

Макфакс
/ 12.07.2023 / 10:17

Рускиот медиум Фонтанка објави фотографии на кои е прикажана внатрешноста на домот на основачот на Вагнер, Јевгениј Пригожин, кој се наоѓа во луксузна населба во Санкт Петербург.

Фотографиите, направени за време на полициската рација, покажуваат оружје и купишта банкноти од американски долари и руска рубља, како и раскошната внатрешност на вилата. Во една од собите има голем чекан со натпис „За важни преговори“.

URL

Инспекторите на ѕидот пронашле фотографија од отсечени глави. На другите ѕидови има различни признанија и награди, меѓу кои и лента што Пригожин ја доби од гувернерот на Санкт Петербург, Александр Беглов, долгогодишниот ривал на Пригожин.

На втората фотографија е прикажана униформа со наградите Херој на Русија и Херој на Народните републики од Донбас. Инспекторите, наводно, пронашле и сертификат кој покажува дека ја добил наградата Херој на Русија на 20 јуни 2022 година.

Фонтанка, исто така, пишува дека иследниците пронашле медицинска опрема што „очигледно останала од времето на пандемијата“. Меѓу другото, во вилата биле пронајдени респиратор и апарат за кислород.

Фотографии од претресот на куќата на Пригожин објавија и руски телевизиски станици, а за нив детално се зборуваше во ток-шоуто на државниот канал Россия-1.

URL
Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе