КОПА ИТАЛИЈА 2020/21

Во возбудлив натпревар Аталанта го елиминираше Лацио

Пет гола, пресврти, црвен картон и промашен пенал - сето ова го имаше во попладневната четвртфинална пресметка од Копа Италија помеѓу Аталанта и Лацио.

„Деа“ поведе прва уште во 7. минута кога албанскиот репрезентативец Берат Џимсити ја затресе гостинската мрежа.

Лацио брзо се разбуди и десет минути подоцна израмни со првиот гол во небесносиниот дрес на косовскиот корпулентен напаѓач Ведат Муричи, иако денеска неговиот тим настапи, несвојствено, во зелени дресови.

Финишот од првиот дел донесе возбудувања пред двата гола. Прво Франческо Ачерби во 34. минута се погрижи за целосен пресврт и водство на римјаните, но само три минути подоцна Украинецот Руслан Малиновскиј израмни на 2:2, резултат со кој се замина на пауза.

Вториот дел почна лошо за домашните бидејќи во 53. минута Хосе Паломино заработи директен црвен картон оставајќи ја Аталанта со десетмина во поле.

И покрај играчкиот недостаток, четири минути подоцна Русинот Алексеј Миранчук погоди за водство на Аталанта.

Потоа во 66. минута домаќините имаа колосална шанса да го дуплираат водството кога Весли Хут фаулираше за пенал, но Дуван Сапата го промаши пеналот.

Аталанта во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот на Наполи и Специја, натпревар кој се игра утре вечер.

Вечерва од 20:45 се игра и натпреварот Јувентус - СПАЛ кој ќе го даде противникот на Интер во второто полуфинале.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе