Во Вухан слета првиот меѓународен авион од јануари

Во кинескиот град Вухан, местото каде првпат се појави коронавирусот во декември 2019 година, слета првиот авион на меѓународен лет од јануари, кога аеродромот беше затворен.

Станува збор за јужнокорејската нискобуџетна авиокомпанија T'way Air, чиј авион слета со 60 патници кои мора да покажат негативен ПЦР тест, објави кинеската државна телевизија.

Според кинеските медиуми, патниците носеле маски, а полицијата со заштитни комбинезони и визири ги проверувале пасошите.

Кон крајот на март, Кина драстично го намали воздушниот сообраќај со остатокот од светот со цел да се ограничи доаѓањето на заразени лица.

Оттогаш, земјата во голема мерка го потисна вирусот со мерките за ограничување на движењето, карантин, тестирање, следење контакти и носење заштитни маски. Тие бележат само неколку нови случаи секој ден.

Според официјалните податоци, околу 3.900 луѓе починале од COVID-19 во Вухан или 80 проценти од 4.634 смртни случаи во Кина.

Од почетокот на епидемијата, градските власти ги тестирале сите 11 милиони жители.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе