Во земјава 3.557 активни случаи со COVID-19, во светот на секои 15 секунди по 1 човек умира од вирусот

Во моментов во земјава се активни 3.557 случаи на заразени со COVID-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 11.289 случаи на заболени лица, се излекуваа 7.221 лица, а починаа 511. Вкупно се направени 108.384 тестирања за COVID -19.

Сѐ уште најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде во моментов се активни 1.303, во Куманово се активни 262, во Дебар 118, Штип 433, Прилеп 46, Тетово 212, Струга 187, Велес 22, Битола 66, Охрид 76, Кавадарци 63, Гостивар 288, Гевгелија се активни 12, Струмица 23, Крива Паланка 11, Радовиш 16, Крушево 8, Кочани 20, Пробиштип 22, Демир Хисар 26, Македонски Брод 35, Берово 4, во Виница се активни 21, Делчево 4, Кратово 7, Свети Николе 134, Кичево 109, Ресен 21 и во Неготино 8 случаи.

По општини во Скопје најмногу активни случаи се забележани во Чаир 168, Аеродром 147, Бутел 84, Гази Баба 133, Центар 106, Карпош 113, Сарај 60, Кисела Вода 141, Ѓорче Петров 92, Студеничани 45, Шуто Оризари 108, Арачиново 24, Илинден 24, Петровец 17, Чучер Сандево 9, Сопиште 20, Зелениково 7, а петмина се странци.

Вкупно во Инфективната клиника се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, еден на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и 5 деца позитивни, како и двајца пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“  вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и сомнителни на COVID-19.

Според проценките врз основа на податоците од изминатите две недели, на секои 15 секунди во севтот по еден човек умира од коронавирусот. Тоа е еднакво на 247 луѓе кои починуваат секој час.

Речиси 5.900 луѓе во просек умираат од COVID-19 на секои 24 часа, а најмногу жртви има во САД, Бразил, Индија и Мексико.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе