Водата на берза: Експертите предупредуваат на вештачко зголемување на цената

Водата се придружи на златото, нафтата и другите стоки со кои се тргува на Волстрит.

Тоа само покажува колку е ограничен овој ресурс и колку, и покрај тоа сознание, ние се грижиме за него.

Од оваа недела, земјоделците, хеџ фондовите и општините ќе можат да се обложуваат на потенцијален недостиг на вода, откако CME Group Inc. пушти на берзара фјучерси на калифорнискиот пазар на вода вредни 1,1 милијарди долари.

Според компанијата, фјучерсите ќе им помогнат на корисниците на вода подобро да управуваат со ризиците и посоодветно да одговараат на понудата и побарувачката.

Ова навистина не значи дека ќе се тргува со вода за пиење од цевките на комуналните компании, туку со договори во оваа област. Додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за подобрување на ефикасноста на потрошувачката на вода, аналитичарите предупредуваат дека фјучерсите отвораат можност за вештачко покачување на нејзината цена.

URL

Воведувањето на овие „водни“ фјучерси на финансиската берза беше најавено уште во септември, кога на западниот брег на САД беснееја пожари и топлотни бранови.

„Климатските промени, сушите, растот на населението и загадувањето веројатно ќе поттикнат големи зголемувања на цените на водата во наредните години“, објаснува Дин Дреј, аналитичар и директор на RBC Capital Markets.

Според Bloomberg, снабдувањето со вода е веќе голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните неколку години може да стане проблем за две третини од глобалното население.

Тагови
реклама

Бизнис

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Read more

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more
 

Вести

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе