Војна меѓу Xiaomi и Пентагон

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi ја тужи американската влада.

Причината е потегот на Доналд Трамп за време на неговата последна недела како претседател на САД да ја стави компанијата на црната листа на Пентагон, што им забранува на Американците да инвестираат во неа.

Xiaomi вчера побара да биде отстранета од списокот, со образложение во тужбата до окружниот суд во Вашингтон дека одлуката да биде ставена на црна листа е „незаконска и неуставна“, пренесува Reuters.

Тие тврдат дека тоа нема никаква врска со Народноослободителната армија, посочувајќи на значителен број американски граѓани кои имаат големи удели во компанијата, а американските финансиски компании сочинуваат тројца од нејзините 10 најголеми инвеститори.

URL

Xiaomi беше додаденa на црната листа минатиот месец, заедно со осум други компании, за време на заминувањето на администрацијата на Доналд Трамп, која бараше сите американски инвеститори да ги повлечат своите пари од компаниите до 11 ноември 2021 година.

Во моментот кога се најде на непопуларната листа, Xiaomi го надмина Apple и стана третиот најголем производител на паметни телефони во светот, според IDC.

Според Financial Times, администрацијата на Џо Бајден не објавила дали ќе ја задржи забраната. Но, новиот претседател најверојатно ќе се соочи со политички последици ако ја укине забраната поради притисокот од Капитол Хил каде имаат намера да одржат цврст став кон Кинеската комунистичка партија.

Бајден покажа рани знаци дека има намера да прифати остар пристап. Државниот секретар Ентони Блинкен оваа недела изјави дека се согласува со администрацијата на Трамп дека Кина извршила „геноцид“ во провинцијата Синџијанг со притворање и репресија на над милион муслимани Ујгури.

Покрај тоа, Пентагон во петокот ја обвини кинеската војска дека ја продолжува „низата агресивни и дестабилизирачки активности“, откако Financial Times објави дека кинески воени авиони симулирале напад врз американски носач на авиони за време на неодамнешниот упад во зоната за противвоздушна одбрана на Тајван.

Тагови
реклама

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе