Војската на Србија поставила топови и хаубици на границата со Косово кај Јариње

Војската на Србија во копнената безбедносна зона, во близина на административниот премин Јариње со Косово денеска стационираше неколку топови и хаубици од голем дострел, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот Nova.rs, распоредувањето на артилериско оружје уследило откако началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, синоќа итно се упатил кон Рашка.

– Задачите што ги добија српските вооружени сили и јас како началник ќе бидат целосно спроведени и реализирани како такви. Ситуацијата е сложена, комплексна, бара присуство на вооружените сили на Србија долж административната линија и во следните периоди Војската на Србија, како праг на мирот и стабилноста, ќе биде насочена кон нивно извршување. Ги имаме сите информации во детали. Мора да знаете дека преземените мерки и добиените задачи ќе бидат целосно исполнети, изјави Мојсиловиќ за ТВ Пинк.

Медиумите во Белград синоќа објавија дека се слушнало рафално пукање во Зубин Поток на Косово, додека некои изјавија дека имало размена на оган меѓу локалните Срби и косовската полиција. Косовската полиција соопшти дека немало инциденти меѓу нејзини припадници и било каква група на северот на Косово.

Претставници на КФОР, како одговор на истрагата на Koha Ditore, соопштија дека имало пукање во Зубин Поток, но дека во тој инцидент нема повредени, а не е причинета материјална штета.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе