Volkswagen го сели производството од Германија?

Volkswagen сериозно размислува за драстичен деловен потег, преселувајќи го целото производство на автомобили од Германија.

За сè е виновен гасот, односно недостигот на гас предизвикан од актуелната политичка ситуација во која продолжува војната во Украина, а санкциите кон Русија никогаш не биле построги. Доколку ова сценарио се прелее во следната година, Volkswagen би можел лесно да направи таков драстичен потег.

Преместувањето на производството од матичната земја е само едно од решенијата за кои моментално се разговара во Волфсбург. Доколку се донесе таква одлука, Volkswagen би го префрлил целото производство од Источна Европа и Германија во фабрики на Запад, пред се во Белгија, Португалија и Шпанија, дознава Bloomberg.

Русија и Северен  поток 1 се главниот извор на гас за германската индустрија, односно беа додека Русите не го свртеа вентилот. Индустријата веќе сносува одредени последици. Се проценува дека најсериозните проблеми ќе излезат на површина доколку гасот не протече до јуни следната година, велат од Volkswagen.

„Како среднорочно решение, фокусирани сме на поголема локализација, преместување на производството или технолошки алтернативи, истата воспоставена практика што се применуваше и на предизвиците поврзани со недостиг на полупроводници, како и во случај на други проблеми со снабдувањето.“

Volkswagen тврди дека ќе може да го задржи производството во следните шест месеци, но под услов Германија да продолжи да ги пополнува своите резерви, кои сега се на 90 проценти. Бидејќи е можно резервите да се намалат во зима, Volkswagen веќе работи на намалување на потрошувачката на гас во согласност со барањата на германската влада за намалување од 20 проценти.

Bloomberg нагласува дека Volkswagen е загрижен поради поскапувањето на енергенсите, со што кооперантите сè потешко се справуваат. Затоа, постои опасност многу кооперанти да бидат принудени да го прекинат производството.

Тагови
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Авто новости

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Volkswagen искрено за профитабилноста на новите електрични возила 

Read more

Volkswagen е нов рекордер на Нирбургринг

Read more

Кинезите забрзано купуваат електрични камиони, се очекува потрошувачката на дизел да се намали

Read more
 

Автомобили

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Читај повеќе

Volkswagen искрено за профитабилноста на новите електрични возила 

Читај повеќе

Volkswagen е нов рекордер на Нирбургринг

Читај повеќе

Кинезите забрзано купуваат електрични камиони, се очекува потрошувачката на дизел да се намали

Читај повеќе

ЕУ има нови правила за возачките дозволи

Читај повеќе

Како Германците се подготвуваат за Euro 7 стандардот?

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen го најави „најспектакуларниот Golf R досега“

Читај повеќе

Електричните возила ја намалуваат побарувачката за нафта

Читај повеќе
  • filter

Bugatti уште еднаш ја покажа креативноста на својот оддел за персонализација

Читај повеќе