Вонредната состојба истекува в сабота, за ВМРО ДПМНЕ поважно е да се надмине кризата отколку да се одржат избори

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Вонредната состојба, четврта по ред, истекува во сабота на 14 јуни.

Дали Владата ќе побара продолжување треба да се знае до петок. Од тоа дали вонредната сотојба ќе биде продолжена или не, како и од развојот на ширењето на коронавирусот, според вицепремиерот Бујар Османи, ќе зависи и датумот за одржување на превремените парламентарни избори.

-До петок ќа се знае ставот на Владата за вонредната состојба кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави вчера вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој повтори дека ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се константни. Првиот принцип е дека здрвајето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори.

-Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови. Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја доенсеме одлуката за вонредната состојба. Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја, рече Османи на новинарско прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.

За ВМРО-ДПМНЕ изборите во овој момент се во втор план. Важно е, велат од партијата, државата да се посвети и да ја надминеме корона кризата, која, како што посочуваат, ескалира во енормни размери и во овој момент изборите треба да се во втор план.

Членот на член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска истакна дека засега нема иницијатива за нова лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски во однос на прашањето за изборите.

– Тоа што сега е важно и загрижувачки е она што власта нема контрола, нема систем за застанување на патот на оваа пандемија и тоа е повеќе од очигледно и тоа е на голема жалост за сите нас. Во однос на идната (лидерска) средба доколку има иницијатива сметам дека ние благовремено ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме во однос на тоа прашање, додаде Василевска.

Ставот на СДСМ е дека се за избори на 5 јули, со цел државата да добие функционални институции, а со тоа и поефикансо справување со пандемијата.

Последната, четврта, одлука за 14-дневна вонредна состојба претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност ја донесе на 30 мај.

Донесувањето на оваа одлука, рече, има за цел само да им овозможи на Владата и институциите ефикасно да се справуваат пред сѐ со, како што рече, здравствените, но и економско-социјалните предизвици поврзани со кризата предизвикана од кононавирусот и не треба да се доведува во корелација со изборниот процес.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено. Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе