Возел пијан и поминал на црвено: ОЈО со детали за тешката сообраќајка во Ново Лисиче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

– На 26 јануари околу полноќ, осомничениот управувал автомобил „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки на булеарот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон сообраќајните прописи – со автомобилот управувал со брзина поголема од 50 километри на час што е максимално дозволена во населено место и под дејство на алкохол со концентрација од 0,57 промили алкохол во крвта. Кога се приближил до крстосницата со сервисна улица која води кон трговскиот центар „Лиса“, тој навлегол во крстосницата на вклучено црвено светло кое означувало забрана за минување во неговиот правец на движење, соопшти Јавното обвинителство.

Со предниот дел на возилото осомничениот удрил во страничниот лев дел на автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кој се движел од сервисната улица кон булеварот. При несреќата, возачот на автомобилот „Фолксваген“ се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а неговата 15-годишна ќерка, сопатничка во автомобилот, се здобила со тешки телесни повреди.

– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека има можност тој да се даде во бегство, да се обиде да влијае врз сведоците во постапката или да го повтори делото​, се наведува во соопштението. 

Скопскиот Кривичен суд денеска му одреди притвор во траење од 30 дена на 21-годишниот возач.

– Ја информираме јавноста дека осомничениот Т.М. беше спроведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој по произнесување на осомничениот и обвинителот во однос на предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3, односно „опасност од бегство“, „влијание на сведоци“ и „попречување на истрагата“, како и можност да го повтори делото, соопштија од Кривичниот суд Скопје.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе