Возилото е жешка рерна на овие температури - никако не ги оставајте децата во автомобилот

Температурите веќе се значително зголемени, што значи дека на врелиот асфалт, особено во градовите, атмосферскиот воздух ќе биде и потопол отколку досега.

Скоро 750 деца починале во изминава деценија бидејќи биле оставени во затворен автомобил на жешко време, дури и кога бил паркиран во сенка. Во САД во просек умираат 30 деца затворени во автомобили кои по некое време изложеност на сонце се претвораат во „вжештени рерни“.

Медиумите и социјалните мрежи со години објавуваат предупредувања дека не треба да ги оставате децата и миленичињата во автомобилот додека „набрзина завршувате некоја обврска“.

Научното списание Temperatures објави текст во кој тврди дека доволно е детето да помине 60 минути во затворен автомобил на топло време за да му биде загрозен животот.

Имено, децата се почувствителни на температурни промени за разлика од возрасните, полесно се загреваат и многу потешко се ладат. Исто така, не се во состојба да излезат од автомобилот ако не се чувствуваат добро.

Научниците, во консултација со лекари, пресметале дека телесна температура од 40 степени Целзиусови е доволна за да ги поттикне сите симптоми на топлотен удар, што потоа може да резултираат со откажување органи, оштетувања на мозокот или смрт.

Експериментите биле спроведени со три сета возила паркирани наизменично во периодот на јуни и јули во 2014 година во градот Тампа, Аризона. Забележан е раст на температурата, а научниците разгледувале сценарија на кој начин температурата би влијаела на организмот на детето, односно на животните.

Временски, најдолго време било потребно за да се загрее комбе, а најмалку на мали автомобили со темна боја. Температурата во возилата по еден час изнесувала 46 степени Целзиусови, а воланот, седиштата и предниот дел на возилото биле уште потопли. По еден час под сенка на топло време, температурата изнесувала 37 степени Целзиусови.

По еден час изложеност на сонце или по два часа во сенка, детето или миленичето, ако се оставени во затворениот автомобил, ќе бидат во смртна опасност.

„На сите ни се има случено да влеземе во автомобил загреан на сонце и да не можеме да го допреме воланот бидејќи е прежежок. Замислете како тоа се одразува на организмот“, вели Ненси Селовер, климатолог од Универзитетот на Аризона.

Знаци кои укажуваат дека на детето му е премногу жешко

Со доаѓањето на летните жештини премногу облека може да предизвика прегревање на телото на детето, што претставува сериознa заканa за здравјето.

Американската академија за педијатрија го поврза прегревањето на телото со зголемен ризик од синдром на изненадна смрт кај новороденчињата.

Има неколку начини на кои можете да проверите дали на бебето му е премногу топло:

1. Допрете ги главата и вратот на вашето дете за да проверите дали се влажни. Тоа е знак дека се поти.

2. Набљудувајте го лицето на детето. Ако е повеќе црвено од обично или започнуваат да се појавуваат некакви точки, возможно е телото да му е премногу жешко.

3. Слушнете внимателно како се одвива дишењето на вашето дете. Брзото дишење е симптом на прегревање. Допрете ги прстите на детето, ако се топли, тоа е еден од знаците дека му е премногу жешко.

4. Ако детето не може да заспие и е немирно, можеби му е премногу топло. Но, тоа може да биде знак и за некои други проблеми, како грчеви или мокра пелена.

На новороденчињата не треба да им се покрива главата, освен ако не е ладно.

Ако спиете со вашето бебе, имајте во предвид дека тоа ќе се загрее од вашето тело, па не е потребно да го покривате.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе