Времеплов: Мајсториите на Батистута
Нема кој не го памти Аргентинецот со долга коса кој жареше и палеше на терените на Чизмата.
Габрел Батистута, или популарниот Батигол, денес има 51 година. Од 1991 дури до 2000 играше за Фиорентина и со 167 голови на 269 натпревари беше ноќна мора за противничките голмани. Потоа отиде во Рома за да ѝ донесе Скудето, па кратко заигра и за Интер.
Неговите мајстории е тешко да се сместат во двеминутно видео, но ете, од Серија А решиле на кратко да нѐ потсетат.