Времеплов: Мајсториите на Лотар Матеус во Серија А
Веројатно најголемиот дел помладите не знаат дека германската легенда, Лотар Матеус, има играно во Серија А. Ова се неговите најдобри моменти во калчото.
Матеус во Италија играше 4 сезони и тоа од 1988 до 1992 носејќи го дресот на Интер. Дојде од Баерн, а потоа се врати пак во минхенскиот клуб. Во Серија А одигра 115 натпревари на кои постигна дури 40 голови, а освои едно Скудето, една Суперкопа и еден УЕФА Куп.