Времеплов: Најубавите голови на Монтела
Винченцо Монтела на крајот од 90-тите и првата декада од новиот милениум беше еден од главните напаѓачи во калчото.
Популарното „Авионче“, поради начинот на кој ги прославуваше головите, почна во Емполи играјќи во третата лига. Џеноа го донесе во Серија Би каде на 34 натпревари постигна 21 гол по што веднаш се пресели во Серија А во градскиот ривал Сампдорија.
По три сезони во Самп замина во главниот град да го носи дресот на Рома каде освои едно Скудето и еден Суперкуп. Во Серија А постигна вкупно 141 гол, а кариераја ја заврши во 2008 година.