Вучиќ: Борците против насилството се покажаа како вистински насилници

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека сцените се драматични пред Градското собрание, но ги повика граѓаните да не се грижат.

„Ниту една револуција не е во тек, ништо нема да успее. И ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција“м рече претседателот.

Тој нагласи дека на улиците се собрале околу 2.490 луѓе.

„Заедно со оние кои сакаат да влезат во Градското собрание има вкупно околу 1.900 луѓе. Некои го покажаа своето лице и дека насилството им е единствениот начин да се борат. Со денови кажуваме дека се подготвуваат за ова, бидејќи знаат дека не можат да ја добијат довербата на народот“, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека биле предупредени и странските набљудувачи кои се правеле наивни.

„Им благодарам на оние странски служби кои ставија до знаење дека знаат што се подготвува, и дадоа информации до нашите служби, за да знаат што точно подготвуваат насилниците. Оние кои се колнат дека ќе се борат против насилството покажаа дека се вистински насилници. Сакаат да ни ги уништат градовите и државата“, истакна Вучиќ алудирајќи на името на листата „Србија против насилство“.

Тој вели дека добил илјадници повици од цела Србија од луѓе кои сакаат да ја бранат државата и побарал од нив да не го прават тоа.

„Државата е доволно силна и моќна, и ќе ја брани демократијата и изборната волја на граѓаните. И тоа е сѐ што треба да знаете. Бунтовниците и насилниците ќе бидат приведени, а потоа ќе реагираат надлежните државни органи“, рече претседателот на Србија.

Тој вели дека многумина во регионот се радуваат и ја слават „револуцијата“ во Белград.

„Тоа е производ на многу посериозни геополитички околности, во кои се обидуваат да ја урнат автономијата и независноста на Србија. Ќе ја зачуваме слободата на Србија, бидејќи тоа е највисоката вредност. Ние ќе ја браниме нашата Србија, само ве молам да го задржите мирот. Бидете мирни, земјата е безбедна и нема да дозволиме да ја уништат државата. Да живее Србија, да живее слободата!“, рече Вучиќ.

Претходно група демонстранти и претставници на листата „Србија против насилството“ го разбија стаклото на влезната врата на Градското собрание, а полицијата ги растера со солзавец.

Во Србија со денови „Србија против насилството“ протестира, тврдејќи дека Српската напредна партија ги украла изборите, што власта го негира.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе