Вучиќ по средбата со Зеленски: Ќе биде жешка есен, ќе има уште многу проблеми

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по што ќе разговара и со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

„Огромна можност да разговараме со европските лидери и да видиме каде е нашата иднина. Утрово имав средба со Володомир Зеленски, претстојни средби со Јаков Милатовиќ и Мицотакис околу пладне. Она што е важно за луѓето во Србија е дека разговаравме и со Урсула фон дер Лајен. И таа и Шарл Мишел ја повторија важноста на агендата за раст и како ЕУ подготвува за октомври програма за раст за земјите од Западен Балкан, за подобрување на нашите економски перформанси. Покрај помошта со разни програми, субвенции, стимулации за многу важни работи, пред сѐ во зелената агенда, очекувам и паричен прилив за земјите од Западен Балкан, кој секако би бил многу значаен во денешни услови. Разговаравме и за стратешки работи“, рече Вучиќ во обраќањето по средбата со Зеленски.

Вучиќ во своето обраќање спомена и дека Србија очигледно е поврторно критикувана за речиси никаков напредок во владеењето на правото.

„Мислам дека е важно да се каже дека мора да знаеме дека во декември очекуваме Молдавија и Украина да го добијат датумот за почеток на преговорите. Добија кандидатски статус, сега ќе добијат датум. Што се однесува до нас останатите, за нас е важно она што го најави Фон дер Лајен во однос на политиката на раст. Во моментов од 27 земји имаат 10 кои ги финансираат сите останати. Нема други кои можат да бидат нето-придонесувачи, тие не можат да прифатат други. Се разбира, тие ја туркаат Украина во моментов, бидејќи таа е во војна и работи за сите нив и мора да добие поттик, но штом слушнам забелешки за владеење на правото, знам каде оди, знам како оди. И кога станува збор за некои други земји. За нас е многу важно рационално да гледаме што можеме да направиме, особено во однос на заедничкиот економски пазар“.

„Зеленски праша што мислат луѓето во Србија и зошто. Му кажав што се случи во 1999 година и потврдив дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа. Разговаравме за различни форми на соработка. И треба да размислат како ќе ја обноват државата. Мислам дека нема да има промена на Украина кон Србија што се однесува до територијалниот интегритет“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Украина никогаш не направила ништо против Србија, како што Србија никогаш не направила ништо против Украина.

„Не се согласивме со примена на санкции против Русија, има друг дел, но за тоа ќе зборувам подоцна“, рече претседателот на Србија и додаде дека „се трудевме да не бидеме најгласни дури и во обвинувањата кон другите“.

„Нашата работа е да ги заштитиме нашите интереси. Не се согласивме со делот од Декларацијата што зборува за санкции, имаше уште еден, прецизно ќе ви го прочитам. Ќе биде жешка есен, бидејќи ситуацијата не е лесна, ќе има уште многу проблеми“, рече тој.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе