Вучиќ потпиша наредба: Армијата на Србија е ставена на највисоко ниво на борбена готовност

Српскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Александар Вучиќ, потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво.

Тој наредил итно движење во правец на административната линија со Косово и Метохија, дознава Новости.

Како што пренесува овој медиум, Вучиќ на овој потег се одлучил поради, како што рече, насилството што специјалната полиција на косовскиот премиер Албин Курти го спроведува врз српскиот народ во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Тој, исто така, побара од НАТО итно да престане со насилството врз Србите.

Припадници на косовската полиција попладнево ги опколија зградите на општините во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се вклучија сирените што жителите од тие области ги активираат за да алармираат на опасност.

Сирените за тревога се огласија и во Северна Митровица, а во Лепосавиќ нема сигнал за мобилен телефон, јавува Kosovo Online.

Remote video URL

Косовската полиција фрли солзавец пред зградата на општина Звечан за да ги растера насобраните Срби. Некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале три детонации. Се претпоставува дека се работи за шок бомби.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Регион

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Read more
 

Вести

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе