WhatsApp дополнително ги подобри статусите, достапни се нови опции

WhatsApp воведе нови подобрувања на својата функција Status, која беше претставена во 2017 година како одговор на Snapchat и Instagram Stories.

Една од клучните иновации е Voice Status, кој му овозможува на корисникот да снима гласовни пораки до 30 секунди и да ги постави како свој статус. Компанијата вели дека тоа е повеќе „персонален“ начин за известување на контактите, особено за корисниците кои вообичаено претпочитаат да зборуваат наместо да пишуваат или снимаат видео.

Друга новина е функцијата Private Audience Selector, која му овозможува на корисникот да избере кој може да ги види неговите статуси. Обезбедува и можност за избор на публика за секој нов статус, што дава поголема контрола и флексибилност во споредба со претходните поставки за приватност.

Оние кои сакаат емотикони сега ја имаат функцијата Status Reactions, што е брз и лесен начин да одговорите на статусите на пријателите или блиските контакти. Оваа функција ви овозможува да одговорите на кој било статус со кој било од осумте емотикони, наместо да пишувате пораки, да снимате гласовни пораки или да користите налепници.

Status Profile Rings „става прстен“ околу фотографијата на профилот по објавувањето на нов статус и е видлив во списокот за разговор, списокот со членови на група и информациите за контактите. Конечно, овозможен е и preview link кога ќе се стави во статус, така што контактите ќе имаат појасна претстава за што се работи пред да одлучат да кликнат.

Некои од новите функции како што се реакциите на статусите, прстените на профилите и привју линковите беа најавени порано, а сега полека се шират до корисниците ширум светот.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Read more

Интернет

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Read more

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Read more

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Read more

Како да ги решите проблемите со Wi-Fi конекцијата?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе