WhatsApp ќе им овозможи на корисниците да ги коригираат испратените пораки

WhatsApp потврди дека ќе им овозможи на своите корисници да уредуваат пораки, потег што ќе го изедначи со конкурентите како Telegram и Signal, кои ја нудат истата функција.

Корисниците ќе можат да ги уредуваат пораките во рок од 15 минути по нивното испраќање, а функцијата ќе достигне вкупно две милијарди корисници на апликацијата во наредните недели. Индија е најголемиот пазар за WhatsApp бидејќи има 487 милиони корисници.

„Од коригирање едноставни грешки до додавање контекст на пораката, возбудени сме што ќе им понудиме на корисниците поголема контрола врз нивните разговори. Потребно е само долго притискање на испратената порака и избирање на опцијата Edit од менито до 15 минути по испраќањето на пораката“, се наведува во соопштението.

Треба да се каже дека последователните уредени пораки ќе бидат означени со натписот edited, така што примателите се свесни дека содржината на пораката е променета. Од друга страна, нема да им се покаже како пораката се променила со текот на времето.

WhatsApp добива функција Edit откако истата пристигна на Telegram и Signal. Социјалната мрежа Facebook ја има истата функција веќе десет години, а тогаш беше објавено дека повеќе од половина од корисниците почнале да пристапуваат на страницата преку мобилни телефони, што е многу поподложно на грешки при пишување. На Facebook, изменетите пораки се означени со натписот edited, а достапна е и историја на промени за корисниците да ја прегледаат.

Минатата година Илон Маск ја објави можноста за уредување објавени твитови за претплатниците на Twitter. Твитовите може да се уредуваат во период од 30 минути по објавувањето.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе