Windows 11: Што треба да знаете за новиот оперативен систем на Microsoft?

Microsoft денеска го претстави воведувањето на Windows 11, процес што ќе продолжи до 2022 година за сопствениците на компјутери, таблети и уреди.

Бесплатната надградба на оперативниот систем прво ќе стане достапна за поновите компјутери и уреди, а потоа и за оние што во моментов користат Windows 10, соопшти компанијата. Microsoft очекува дека сите подобни уреди ќе имаат пристап до бесплатна надградба на Windows 11 до средината на 2022 година.

За да видите дали вашиот компјутер базиран на Windows 10 е компатибилен со ажурирањето, преземете ја апликацијата за проверка на здравјето на компјутерот од веб-страницата посветена на оперативниот систем Windows.

Можете исто така да проверите дали надградбата е подготвена за вашиот уред (Одете во Поставки> Ажурирање и безбедност> Ажурирање на Windows) и изберете Провери дали постјат ажурирања. Ако надградбата е подготвена, ќе добиете опција за преземање и инсталирање.

Фактори како што се „хардверска соодветност, метрика на сигурност, старост на уредот и други фактори кои влијаат на искуството за надградба“, ќе влијаат на тоа компјутерите и уредите да добијат надградба, рече Арон Вудман, генерален менаџер за маркетинг за Windows, при воведувањето софтвер во август 2021 година.

Remote video URL

Windows 11, кој беше претставен во јуни, пружа поелегантен изглед во споредба со претходните верзии. Новите карактеристики вклучуваат поддршка за апликации за Android, подетални додатоци, ажурирање на распоредот за ставање апликации на екранот и редизајнирана продавница на Microsoft.

Новите и редизајнирани карактеристики - како што се Наратор, Лупа и Препознавање говор во Windows - треба да ја зголемат пристапноста за лицата со попреченост.

Неколку производители на лаптопи и таблети, како што се Acer, Asus, Dell, Samsung и Lenovo, се очекува да имаат нови уреди што одговараат на Windows 11 во продажба, при претставување на оперативниот софтвер.

Windows заработи 73% удел на глобалниот пазар на преносни компјутери со 49,8 милиони примероци испорачани во првиот квартал од 2021 година, според истражувачката фирма Strategy Analytics. За споредба, Google Chrome имаше околу 18% и MacOS (8,4%.)

„Windows сѐ уште е составен дел од начинот на кој повеќе од милијарда луѓе се поврзуваат, учат, играат и работат“, рече Џон Кејбл, потпретседател за управување со програми, услуги и испорака за Windows. Постот, исто така, нуди повеќе информации за воведување на Windows 11 и како да знаете кога вашиот уред може да добие ажурирање.

Добри вести за оние кои сакаат да се држат до Windows 10: Microsoft планира да го поддржи до 14 октомври 2025 година.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе