Windows пушти ажурирање со безбедносна закрпа за хакерските напади

Јунското ажурирање на оперативниот систем Windows носи закрпа за безбедносниот пропуст познат како Follina.

Microsoft на своите корисници им донесе безбедносна закрпа како дел од јунското ажурирање за Windows за да се справи со сериозен безбедносен пропуст што ги таргетираше програмите, вклучително и Microsoft Word. Ранливоста на Windows е позната како Follina и активно се искористува во тековните напади.

Microsoft им препорачува на оние што користат Windows 7 или понов оперативен систем да ги ажурираат своите системи што е можно поскоро. Меѓутоа, ако имате поставено автоматско ажурирање, нема потреба да преземате никакво дејство.

Истражувачите станаа свесни за безбедносниот пропуст кон крајот на мај, но се чинеше дека Microsoft не се ни приближуваше да се справи со ситуацијата, нудејќи рачни решенија наместо софтверски закрпи.

Првите напади на Follina веројатно започнаа во средината на април. Според Bleeping Computers, овие напади започнале со „уцена и повици за интервјуа со Sputnik Radio со цел да се привлечат жртвите“.

Безбедносниот истражувач, познат по прекарот CrazymanArmy, изјави дека безбедносниот тим на Microsoft своевремено го одбил неговото поднесување, бидејќи, како што вели, не видел „безбедносен проблем“.

Follina им дава пристап на хакерите до Microsoft Support Diagnostic Tool (MSDT), според безбедносната компанија Proofpoint. Оваа алатка обично се поврзува со програмата Microsoft Word. Оттаму, хакерите имаат пристап до компјутерите, што им овозможува да инсталираат програми, да креираат нови кориснички сметки и да манипулираат со податоците на уредот.

Првите документирани напади на Follina беа дело на кинеската хакерска група ТА413, насочени кон тибетската дијаспора. Нападите што следеа беа измами со фишинг, насочени кон владините агенции на САД и ЕУ.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе