Wizz Air и ТАВ Македонија најавија нови авиолинии и шести авион во базата на скопскиот аеродром

Авиокомпанијата Wizz Air најави дополнително проширување доделувајќи уште еден воздухоплов во својата база во Скопје, известува ТАВ Македонија, компанијата која управува со двата македонски аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

Wizz Air ќе отвори две нови авиолинии од Скопје, до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојната есен и зима и ќе додели уште еден авион во Скопје со што ќе ја зголеми својата база во македонскиот главен град на вкупно 6 воздухоплови од декември 2023 година.

Авиокомпанијата ќе ги зголеми и фреквенциите на девет постоечки авиолинии, на своите летови од Скопје до: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Рим Фјумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летови за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе има секој ден.

Авиобилетите се веќе достапни на веб-страницата wizzair.com или пак на мобилната апликација Wizz Air’s mobile app.

„Среќни сме што ги проширивме нашите воздушни операции во Скопје и поради тоа што воведуваме нови рути до Луксембург и до Љубљана. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на Wizz Air и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. Со зголемување на нашите фреквенции на девет рути и понудените нови дестинации, имаме за цел да им обезбедиме на нашите патници неспоредлива конекција и искуства од патувањата. Би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство како и на Министерството за транспорт и врски за поддршката во работењето со нас за изградба на подобра воздушна поврзаност на Северна Македонија“, изјави Роланд Тишнер, Извршен директор и офицер за операции во Wizz Air Hungary.

„Во ТАВ Македонија сме среќни со оваа добра вест дека Wizz Air донесе одлука да го смести шестиот авион во нивната база на Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој чекор ќе резултира со севкупен раст на скопскиот аеродром што ќе го направи нашиот аеродром уште поатрактивен избор за деловни и рекреативни патници. Сместувањето на шестиот авион во базата е пресвртница што ја означува довербата на нашите партнери кои ни ја даваат како аеродромски оператор. Тоа ќе биде ново поглавје во нашето патување кон извонредност и ќе послужи како катализатор за понатамошен раст и развој. Со нетрпение очекуваме да ја прифатиме оваа можност и да обезбедиме исклучително искуство и за авиокомпанијата и за нашите ценети патници. Би сакал да се заблагодарам и на Виз ер за нивната одлука и на Министерството за транспорт и врски за континуираната поддршка“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Вкупниот број на авиолинии на авиокомпанијата од Македонија сега изнесува 35, вклучително со двете новонајавени. Одлуката на Wizz Air да додели дополнителен авион во Скопје ја поткрепува нејзината посветеност за поддршка на локалната економија, туризмот и бизнис-секторите. Се додава дека оваа распределба ќе отвори десетици нови директни и индиректни работни места во земјата, вклучително и позиции за пилоти и кабински екипаж, покрај над 250 лица кои веќе се директно вработени во авиокомпанијата.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе