За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 65 лица, вкупно се лекуваат 459 пациенти

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупниот број на лица сомнителни и потврдени за COVD-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град достигна 459.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, по шест во ковид центарот на Клниката за неврологија и на Клиниката за нефрологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а еден во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 28 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 17 лица.

Во изминатите 24 часа од болниците се отпуштени 33 оздравени пациенти

– Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 24 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести еден пациент, се додава во соопштението.

Во, исто време, во ГОБ 8 Септември има вкупно 100 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 40 пациенти, од кои 9 деца и 31 возрасни.

– Вкупно 459 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, се додава во соопштението.

Инаку, од утрово ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои сеставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за COVID-19. Од 8 часот почна да работи ковид одделението на Клиниката за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е прошитен за 20 нови места и капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.

– Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе