За два дена вакцинирани 453 здравствени работници, желба за вакцинација изразиле над 91.000 граѓани

Во изминативе два дена се вакцинирале вкупно 453 здравствени работници кои работат во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство. 

Како што се посочува во денешното соопштение на Министерството, имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојбо во Скопје, каде се поставени шест вакцинални позиции, а се работи во две смени од 8 до 20 часот, од понеделник до сабота.

Во тек е имунизација со вакцината од производителот Pfizer, а кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител Sinopharm, од каде во директни преговори се купени 200.000 вакцини против COVID-19.

Нашата држава преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината AstraZeneca од која првите количества е планирано да стигнат во март.

„Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс механизмот за вакцини Pfizer вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против COVID-19“, соопштија од Министерството.

Оттаму посочуваат дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните.

Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а Pfizer дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови, се појаснува во соопштението на Министерството.

Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата „vakcinacija.mk“, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза.

Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70-годишна возраст. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе