За една недела бројот на КОВИД-позитивни зголемен за околу 65 проценти

Во период од една недела бројот на позитивни случаи е зголемен за околу 65 проценти. Засега, Комисијата за заразни болести не препорачува нови мерки, а остануваат да важат актуелните мерки за задолжително носење маска во јавниот превоз, здравствените домови, аптеките, старечките домови и домовите за лица со попреченост.

Во изјава за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ вчера истакна дека со цел да се донесат нови мерки потребно е да се следат и други параметри, како што се болничките капацитети и бројот на починати од дневните КОВИД-статистики.

-Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковид статистики, вели Мехмедовиќ.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот. Чевртата доза можат да ја примат сите граѓани над 18-годишна возраст кои примиле три дози вакцина против COVID-19, на сите вакцинални пунктови без закажување.

Вакцинацијата со четврта доза, како што соопшти Министерството за здравство, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Pfizer или Moderna. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

-Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот COVID-19. Државата располага со доволни
количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против COVID-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерството за здравство.

Болничките услови на Клиниката за инфективни болести, како што информираше портпаролот на КЗБ Мехмедовиќ засега не се исполнети и има доволно болнички капацитети што можат да се стават на располагање, но зголемен е бројот на амбулантни прегледи на Клиниката.

Доколку има промена во епидемиолошката состојба, како што посочи Мехмедовиќ, ќе бидат разгледани параметрите и Комисијата ќе препорача нови мерки за заштита од вирусот.

Во текот на вчерашниот ден, согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 1.129 тестови, регистрирани се 355 случаи на COVID-19, од кои 89 се реинфекции. Активни се 1474 случаи на коронавирусот.

Пријавено е едно починато лице од Скопје, во болнички услови, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на 30 јуни.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека во моментов во Скопје има најголем број активни случаи – 783, а Македонска Каменица, Пехчево, Дојран немаат позитивни лица на вирусот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе