За Илинден Пендаровски во Пелинце, Џафери во Крушево, Спасовски во Скопје, подготвени здравствени протокол

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје.

Според владиниот заклучок од 76. седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи премиерот Оливер Спасовски, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија.

За Илинден нема да се организира масовна прослава, а одбележувањето ќе биде според утврдени здравствени протоколи, со носење заштитни маски и држење физичко растојание. Надлежните велат дека за се има протоколи, но тие мора да се почитуваат за заштита од COVID-19.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вели дека големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата.

Манифестацијата традиционално почнува на 1 август. Крушево ги пречекува коњаниците, на Гумење се подигнува знамето на Републиката со пригодна програма. Во 10-те дена вообичаени се бројните културни настани во чест на значењето на Илинденското востание. Централната прослава е на 2 август, на Илинден, на Мечкин Камен.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе