За инцидентите на протестот за „Монструм“ повикани на разговoр 14 лица

Покрај прекршочни ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи и кои учествувале во насилствата за време на протестот за случајот „Монструм“. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. МВР досега идентификувало и повикало на разговор 14 лица, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Протестите кои се одржуваат се демократски чин за да се изрази некакво незадоволство од тоа што се случува во општетството. Но тие никако не смеат да бидат нарушување на законскте правила и прописи. Точно е дека е поднесена пријава и против организаторот на протестот затоа што, пред сè, не се придржувале кон мерките за заштита на здравјето и притоа не биле испочитувани протоколите. Меѓутоа ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи. Секој од тие лица ќе биде санкциониран. Ние работевме во единицата за насилен криминал и веќе се идентификувани и во вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имот на државата, рече Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата дали ќе бидат покренати кривични пријави за организаторите за протестите за случајот „Монструм“.

Тој појасни дека сите повикани се полнолетни освен едно малолетно лице кое е повикано да дојде со родителот во станица.

-Секој еден кој прави кривично дело не е важно кој е, кавов е, која националност, верска припадност или политичка, не е важно дали е полнолетен или малолетен, мора да сноси одговорност врз основа на законските прописи, рече Спасовски. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Хроника

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Read more

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе