За „Роман на годината“ конкурираат 38 дела

Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) – За наградата „Роман на годината“ за 2019-та конкурираат 38 дела, соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ која ја доделува наградата.

Годинава во жирито за наградата се Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски  и Катерина Богоева (членови).

– Жирито на својот конституитивен состанок констатираше дека годинава се одликува со мошне богата романсиерска продукција што се огледа и во фактот дека на годинашниот конкурс се пријавија дури 38 романи, соопшти Фондацијата која наградата ја доделува во соработка со Град Скопје, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ а.д.

Во трка за наградата се романите:

1. „Молчи со отворена уста“ – Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или -Или“

2. „19.“ – Верица Ацеска, „Прозарт“

3. „Александар и Клеофила“ – Паскал Гилевски, „Панили“

4. „Кафез за душата “ – Јован Дамјановски, „Дијалог“

5. „ Временската енигма“ („Експеримент 51“, II дел) – Методија Диневски, „Култура“

6. „Ноќта кога ја напуштив Прага“ – Јован Илиевски, „Култура“

7. „Под друга капа“ – Владо Јаневски, „Магор“

8. „Црна шума“ – Симеон Јанков, „Ми-Ан“

9. „Ѓаволска наметка“  – Љубомир Јовановски, „Култура“

10. „Живеј го животот со восхит“ – Катарина Јовчевска, „Академски печат“

11. „Тие мили мали слатки дечиња“ – Антонио Карабелов, „Антолог“

12. „Како станав Амадеус“ – Трајче Кацаров, „Силсонс“

13. „Како избравме американски претседател“ – Александар Сашко Кукулев, „Полица“

14. „Правта на библиотеките“ – Митко Маџунков, „Три“

15.„Последна граница – Истапени сечила“, Зоран Милошевски, „ПНВ Публикации“

16. „Мрежата на Мамли“ – Блаже Миневски, „Матица македонска“

17. „Пагански времиња“ – Драги Михајловски „Просветно дело“

18. „Песот со тажен поглед“ – Оливера Николова, „Матица македонска“

19. „Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, „ПНВ Публикации“

20. „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“

21. „Дваесет и четири часа“ – Милијана Павловска, „Култура“

22. „Излегов“ – отец Пимен, самостојно издание

23.„Вампирџија“ – Владимир Плавевски, „Арс Ламина“

24. „Краста на душата“ – Владимир Плавевски, „Магор“

25. „Вилино“ – Винка Саздова, „Три“

26. „Последните денови на Ханс“ – Михајло Свидерски, „Или -Или“

27. „Блесок на пролетта“ – Катерина Серафимовска, „Култура“

28. „Цариградски емигрант“ – Луан Старова, „Три“

29. „Дијалози во еднина“ – Ана Стојаноска , „Култура“

30. „Ќерката на дрвосечачот“ – Наде Стојилковиќ, „Сакам книги“

31. „Пустинско рандеву“ – Снежана Крстевска-Стојковиќ, „Просветно дело“

32. „Алиџан“ – Јусуф Сулејман , „Антолог“

33. „Години од слама“ –  Братислав Ташковски, „Панили“

34. „Сестра Касијана“ – Добре Тодоровски, „Матица македонска“

35. „Аб’т – роман длабок 18 метри“ – Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“

36. „Вергина“ – Јана Узунова, „Или -Или“

37. „Ура, Арал“ – Тања Урошевиќ, „Темплум“

38. „Девет приказни за госпоѓица Сит“ – Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

Жирито ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, а наградата ќе му биде врачена во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Ја востанови и доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе