За Трамп повеќе гласале пензионерите, за Бајден етничките малцинства и жените

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп освои мнозинство поддршка од белците и луѓето постари од 65 години на претседателските избори во САД, додека неговиот демократски противкандидат Џозеф Бајден победи убедливо меѓу жените, Афроамериканците, Хиспанците и Азијците и меѓу младите на возраст од 18 до 29 години, покажуваат анализите на изборните резултати.

Американскиот истражувач на јавното мислење Џон Зогби изјави дека Трамп добил 80 проценти од гласовите меѓу гласачите кои како најважно прашање го издвоиле економското закрепнување, а не управувањето со коронавирусот, а Бајден ги добил гласовите на оние кои ја потенцираат расната нееднаквост.

– Трамп победи и меѓу гласачите кои рекоа дека американскиот претседател треба да биде силен лидер и меѓу оние кои го издвојуваат зачувувањето на законот и редот како најважно прашање, рече Зогби во рамки на онлајн програмата на Центарот за странски медиуми при Стејт департментот.

Добриот резултат на Бајден најмногу се должеше на гласачите за кои расната еднаквост е најважна тема, како што се 20 отсто од оние кои излегоа на гласање.

– Вкупно 91 процент од таквите гласачи гласале за Бајден, а осум проценти за Трамп, изјави основачот на консултантската компанија Зогби стратеџис.

Бајден исто така доби убедлива поддршка меѓу гласачите кои сметаат дека новиот претседател мора да се справи со коронавирусот пред да се посвети на обнова на економијата.

Бајден доби 49 проценти кај мажите, а Трамп 47 проценти. Кај жените, Бајден доби 57 проценти, а Трамп 42 проценти од гласовите.

– Во двете категории, Бајден постигна значително подобар резултат од демократската кандидатка Хилари Клинтон на претходните избори, пред четири години, изјави Зогби.

Трамп доби 55 проценти од поддршката на белите гласачи, а Бајден 43 проценти.

Важен резултат за Бајден е и убедливата победа кај младите на возраст од 18 до 29 години.

Според Зогби, Бајден го постигна речиси истиот резултат во таа категорија како поранешниот американски претседател Барак Обама, во чија администрација беше потпретседател на САД.

Како што се очекуваше, Трамп победи меѓу гласачите постари од 65 години, но со многу помала разлика отколку пред четири години. Трамп беше поддржан од 51 процент од лицата над 65 години, а Бајден од 48 проценти, додека на изборите во 2016 година, кандидатот на Републиканците имаше 10 проценти повеќе гласови од Хилари Клинтон во таа категорија.

Според американските медиуми, Бајден досега победил во 22 од 50 сојузни држави и Дистриктот Колумбија и „освоил“ 264 гласови од Изборниот колеџ, а Трамп победил во 23 сојузни држави и „собра“ 214 гласови од Изборниот колеџ.

Бидејќи на кандидатот му е потребна поддршка од 270 од 538 гласови за да победи, Бајден треба да освои само една од преостанатите пет држави за да влезе во Белата куќа.

ТУКА следете ги резултатите од изборите во САД во живо.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе