Досега попишани над 121.000 наши државјани во странство

За власта одложување на пописот не е опција и најавува негово безбедно спроведување

Одложувањето на пописот не е опција за власта, која најавува дека тој ќе биде спровден според највисоки стандарди и во целост ќе бидат заштитени и попишувачите и оние кои треба да бидат попишани. Додека траат подготовките за старт на пописот на 1 април, до вчера до 9 часот се попишале 121.580 македонски државјани, кои живеат и престојуваат во странство.

Владиниот портпарол Душко Арсовски вчера на прес-конференција изјави дека одложувањето на пописот не е опција, бидејќи ова е широка операција која се работи месеци наназад, преземени се сите мерки, ангажирани се сите капацитети во државата.

– Веќе неколкупати рековме дека сите највисоки стандарди ќе бидат запазени и во целосост ќе бидат заштитени и попишувачите и оние кои треба да бидат попишани, изјави Арсовски.

Тој нагласи дека пописот е од витално значење за државата за понатаму да може да се прават стратегии за развој.

– Правиме сѐ што е потребно за заштита на населението. Имаме прецизни протоколи, скроени за безбедно спроведување. Подготвени сме за секој детал, за секоја ситуација и сите постапки течат непречено. Протоколот го изработи Комисијата за заразни болести. Стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој. Овие протоколи и досега давале целосна заштита во други процеси, нагласи Арсовски.

На истата прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС) информира дека до вчера до 9 часот се самопопишале 121.580 државјани на Република Северна Македонија кои живеат и престојуваат во странство, при што само во викенд деноноќието се попишани повеќе од 20 илјади граѓани.

Таа оцени дека ова нагло зголемување на самопопишани во дијаспората се должи на викендот и на тоа што кампањата што се води во странство ги дава резултатите, апелирајќи до граѓаните да се самопопишуваат.

– Засега сѐ се одвива според планот и роковите кои досега беа предвидени и нема никакви одложување на сите постапки и процедури, нагласи Ѓоргиева.

Таа истакна дека пописот претставува задолжителна активност на ДЗС предвидена во Програмата за работа и дека спроведувањето или неспроведувањето на терен во зависност од ковид-ситуацијата не е нешто за кое може да одлучи Заводот.

– Ние само ги следиме поставените рокови, донесените одлуки  и законските обврски што не обврзуваат да спроведеме попис, рече таа.

Арсовски и Ѓоргиева упатија порака до сите граѓани да учествуваат во пописот, а сите политички чинители да дадат придонес и да повикаат на масовно попишување. Арсовски посочи и дека учеството во пописот е задолжително, кривично се одговара само за поттикнување на бојкот на статистичката операција, а против тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка, за што казните се до 300 евра.

Во исто време, ВМРО-ДПМНЕ одново повика на одлагање на пописот, оценувајќи дека во „според проценките во периодот на спроведување на пописот би имало околу 2400 починати и околу 50 илјади заболени“.

Тагови
реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе