Забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани, бара Платформата за родова еднаквост

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа.

Дополнително фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик, велат оттаму.

„И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јилдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари“, стои во реакцијата на Платформата за родова еднаквост, од каде нагласуваат дека бараат:

·        Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

·        Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

·        Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

·        Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа  на гинекологот;

·        Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции  итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

„Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални ‘касапници’ не смеат да се повторат во иднина!“, апелираат од Платформата, чии членки се наведени подолу.

1.      Tiiiit! Inc.

2.      Бори се женски

3.      Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

4.      Здружение женски форум

5.      Здружение за еднакви можности Семпер

6.      Здружение за локален рурален развој

7.      Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

8.      Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска

9.      Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ

10.   Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС

11.   Институтот за општествени и хуманистички науки

12.   Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

13.   ЛезФем

14.   Мрежа за заштита од дискриминација

15.   Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

16.   Национален совет за родова рамноправност

17.   Организација на жени на град Скопје (ОЖС)

18.   Организација на жените на општина Свети Николе

19.   Организација на жените “Кумановка“

20.   Реактор – Истражување во акција

21.   Рурална Коалиција

22.   Стела

23.   ТАКТ

24.   Хелсиншки комитет за човекови права

25.   ХЕРА

26.   ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

27.   Хуманитарно Здружение „Мајка“

28.   Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе