Зачин со кој на здрав начин ќе го засладите кафето

Грците го сметале за лек. За старите Египќани тоа бил статусен симбол – го користеле за правење парфем, но и го користеле во балсамирање на телото.

Ако сакате утринското кафе да го направите уште поздраво за вашето срце, додадете малку цимет во прав.

Некои студии покажаа дека циметот може да го намали нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2, како и високите нивоа на холестерол и триглицериди.

Во списанието „Critical reviews in Food and Nutrition“ од 2010 година, беше објавено дека циметот има антибактериски, антиоксидантни, антиканцерогени, хипогликемични и антиинфламаторни својства.

Циметот е моќен зачин кој се користи за здравје и храна илјадници години. Во кинеските записи се споменува уште во 3 милениум п.н.е., а оттаму се проширил во Месопотамија и Левант.

Грците го сметале за лек. За старите Египќани тоа бил статусен симбол – го користеле за правење парфем, а го користеле и во балсамирање на телото. За него се пишува и во Библијата, во Псалмите, но и во Песната над песните.

Денес се консумира во голем број различни јадења и пијалоци - од колачи и пити до варено вино. Овој ароматичен и топол зачин не е сладок, но ја подобрува сладоста на другите состојки.

Зошто е добро да ставате цимет во кафето?

Циметот му дава на секој пијалок или јадење прекрасна арома и сладок вкус без додавање грам шеќер.

Затоа лекарите препорачуваат да го додадете во омилениот утрински додаток наместо шеќер или други вештачки засладувачи.

Имено, шеќерот и вештачките засладувачи можат негативно да влијаат на здравјето бидејќи содржат супстанции кои можат да го зголемат воспалението во организмот.

Сепак, не претерувајте со циметот. Доволно е да ставите околу четвртина лажичка цимет во прав во шолја кафе - по можност цејлонски, а за еден ден пожелно е да се консумира околу половина лажичка од овој миризлив зачин.

Не сте љубители на цимет? Лекарите исто така препорачуваат да додадете незасладено какао во утринскиот пијалок. Какаото е поврзано и со одржување на здрав крвен притисок и ниво на холестерол, а згора на тоа содржи и некои важни хранливи материи за имунитетот и телото, како цинк, железо и магнезиум.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе