Заев: Бојкотот на пописот нема да ѝ донесе ништо добро на државата

„Бојкотот на пописот на кој повикува и го најавува опозоцијата е најлошата одлука што може да ја донесе било кој политички субјект“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина“, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Без разлика, рече Заев,  дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за земјата, е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект.

„Кому му одговара да имаме иднина планирана врз погрешни податоци стари повеќе од 20 години? Кому му одговара да имаме промашени планови за развој? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси за официјалната работна сила, за  пазарот, за потрошувачките навики. Оттаму, тука сме пред вас, за да укажеме колку е важно државата и сите нејзини институции и чинители на централно и локално ниво, да дадат поддршка на Државниот завод за статистика, за успешно да ја спроведе стратегиски важната статистичката операција – Попис 2021“, рече премиерот.

Тој додаде дека на државата ѝ требаат сите податоци што ќе се добијат од пописот, бидејќи, како што потенцира, тој не е само операција која треба да даде слика за етничката состојба во земјата, туку опфаќа многу сегменти, факти, податоци, бази од кои може да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество. Пописот на граѓани, домаќинства и живеалишта, потенцира ќе овозможи да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.

Според премиерот, податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти и се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците визави образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.

„Од значење за општините се и податоците за структурата на постоечките индустриски капацитети, но уште повеќе на потенцијалите за развој на овие капацитети кои исто така можат да се идентификуваат од статистичките податоци. Податоците од пописот ги откриваат и можностите на општините за развој на локалните пазари, туристичките потенцијали“, рече премиерот Заев на средба на државниот врв со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и градоначалниците на општините за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Тој потсети и дека пописот е и наша обврска како држава кандидат за членство во ЕУ, бидејќи, како што рече,  поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите и затоа во април треба сите да дадеме придонес ова прашање успешно да го затвориме.

„Сите да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност – сите ние кои сме на лидерските позиции во општеството на централно или на локално ниво, за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики. Со учеството во пописот секој граѓанин ќе да даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца“, рече премиерот Заев.

Заев ги повика градоначалниците да се вклучат сите аспекти на пописот и да помогнат колку што можат за да се спроведе успешна статистичка операција. Притоа тој нагласи дека со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики, за како што рече, никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе