Заев: Чувство за морална одговорност има, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи

Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности. Никој не е венчан, ниту врзан за функцијата. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање кога ќе донесе одлука за понудената оставка на министерот Венко Филипче.

Според него, чувството за морална одговорност е разбудено, но не може да се распушти државата кога се случуваат несреќи.

Заев повтори дека ќе ги чека наодите од вештачењето и форензичките извештаи, вклучително и германските, кои треба да бидат комплетирани многу скоро и дека потоа ќе ја донесе одлуката.

Постапката, дополни, е во Јавното обвинителство.

– Јас само можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат - постапката професионално и експертски целосно да се заврши и колку што е можно побрзо. Граѓаните заслужуваат одговори. Кога ќе бидат соопштени наодите од вештачењето и форензиката, тогаш ќе го кажам и моето размислување по повод поднесените оставки од министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на Болницата, истакна премиерот по увидот на пречистителната станица во Штип.

Тој го поздрави етичкиот чин на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на Болницата во Тетово.

– Не можеме да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема, болката е присутна кај сите. Сите сме од крв и од месо, но трагедии се случуваат секаде. Многу е важно да се знае дека заради политчки агенди и пориви, не треба никој ништо да прави, а заради етички, тоа е лично чувство и може да преземат одредени чекори тие што така мислат. Пред сѐ е важно дали ситемот е добро поставен, кои биле неговите слабости и од нив треба да учиме, да не дозволиме да се случуваат други вакви трагедии, рече Заев.

Од трагедијата во Тетово, потенцира, веќе се извлечени поуки. Се прават дополнителни контроли на модуларните болници и на комплетниот здравстевн систем.

– Веројатно долг период пред нас ќе биде со сериозен мониторинг. Модуларните болници се решение секаде и ќе бидат уште долго, сѐ додека трае пандемијата. Но, сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите да ги прифаќаме со најобјективни согледувања, претпоставки и одговорности, никој не е венчан за функцијата, ниту е врзан или е наследена од татко му. Секој е заменилив, но истовремено, не смееме ни да се поставуваме несоодветно заради некакви скриени политички побуди или други скриени намери. Треба чесно, отворено и транспарентно да дискутираме. Затоа, многу малку зборувам за деталите, за да оставам стрчните луѓе, професионалците, експертите да ги кажат причините. Тоа го чека нашиот народ, тоа сите го очекуваме, а потоа и согласно тоа ќе ги влечеме потезите и ќе ги носиме одлуките, подвлече Заев.

Тој рече и дека се води грижа како се постапува за време на избори.

– Не смеете да разрешувате или решение да потпишете, не смеете да именувате. Изборниот законик е јасен и соодветно се прават чекорите. Ако мислите дека треба целата Влада, Парламентот, здравстените институции да се распуштат, да дадат оставка, нека се побара тоа, но тоа на изборите луѓето секогаш можат да го кажат. Јас сум одговорен човек и сме знаеле многу често да прифатиме одговорност, затоа и отидовме на избори по францускиот потег, но добивме чест да ја водиме државата. Функциите се пред сѐ одговорност, да бидеме луѓе, да бидеме чесни граѓани и да ги следиме примерите на најсовремените демократски земји, истакна премиерот.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе