Заев: Добивање државјанство со сведоци е неприфатливо

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сѐ уште имаат проблем да се регистрираат во државата како жители е неприфатливо.

Сепак, тој ги повика заедно да отворат дебата и да се најде решение кое ќе биде издржано.

-Сакам да се најде решение. Еве испраќам порака ова прашање кое е заедничко, заедно да го решиме. Благодарам на иницијативите од опозицијата за решавање на прашањето. Но, нека цени јавноста, здраворазумско е да не прифатиме сведоци. Мора да има доказ. А може да ги најдеме доказите, свидетелство, документ дека родителот е роден овде, па со тоа и детето кое е овде пораснато, некое остварено социјално право, пред три или пет години… Еден документ да имаме како материјален доказ, за да не им нарушиме идно право на тие кои ќе ги добијат државјанствата, односно некој да им ги доведе под знак прашалник заради сведочењето, рече Заев.

Според него, тој кој одлучува и го става својот потпис на државјанството не може да го темели тоа на изјава на некакви сведоци. За да стави некој потпис, нагласи премиерот, и да одговара за тој свој потпис, мора да му дадеме аргументи.

-Волја постои. Испраќам порака да седнеме заедно. Конечниот предлог нека е на опозицијата, мнозинството ќе го гласа затоа што тие ја отвориле иницијативата, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Народна Кујна во Шуто Оризари.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе